Фудбалерите на Вилјареал и Атлетик Билбао одиграа нерешено со резултат 1-1 во последниот натпревар од 28. коло во шпанската Примера.
Во борбата за четвртото место, кое води во Лигата на шампиони, домаќините поведоа со голот на Пине во 47. минута, а Адурис израмни седум минути пред крајот. Истиот играч пропушти да им донесе водство на Баскијците во 39. минута откако биеше непрецизно од белата точка.
Атлетик Билбао е на четвртото место на табелата со 52 бода, додека Вилјареал има 45, а меѓу нив се наоѓа Сосиедад со 46.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.