| четврток, 6 декември 2018 |

Втор дабл-дабл за Антиќ, четврта победа во низа за Атланта

Перо Антиќ донесе свежина во составот на Атланта со враќањето на паркетот по повредата на скочниот зглоб, а Хоукс ноќеска победија четврти пат по ред.

Против Шарлот, „јастребите“ славеа со 97-83, а Антиќ вторпат во НБА лигата оствари дабл-дабл учинок. Македонскиот репрезентативец постигна 11 поени и имаше и 10 скока.

Антиќ упати 10 удари кон противничкиот кош, погоди 4 пати, а постигна 3 тројки од 7 обиди. Шарлот е стар муштерија на Атланта и го доживеа 11-от пораз во низа од Хоукс.

Јастребите си имаа свои проблеми, загубија 14 од 15 натпревари во еден циклус, кога повредени беа Антиќ, Хорфорд кој се уште не игра, потоа периодично и Тиг, Милсеп, Керол, Ајон….

Сега се во серија од 4 победи, што е добро за тимот, бидејќи ќе мора да го задржи барем осмото место на кое е моментно, за да игра во плејофот. Атланта има скор од 30-35, на 17 натпревари до крај на регуларниот дел во НБА лигата.

Резултати: Шарлот – Атланта 83-97, Индијана – Филаделфија 99-90, Бруклин – Феникс 108-95, Чикаго – Оклахома 85-97, Хјустон – Јута 124-86, Далас – Бостон 94-89, Денвер – Л.А Клиперс 110-100.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top