| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на елитнa девојка за придружба: За богатите мажи, јас сум статусен симбол

„Мажите се ловци. Затоа и многу вложувам во мојот изглед. Што понедостижно им изгледам, толку повеќе ме посакуваат. За богатите мажи, девојките како мене се трофеј, статусен симбол. Кога ќе видите некој со мене, знаете дека му тргнало во животот“.

Вака, 32-годишната атрактивна русокоса Дивна, ја започнува својата приказна за српски „Блиц“. Дивна работи како придружничка уште од својата 23 година, кога газда на дискотека од нејзиниот роден град и понудил пари за да го придружува на работна посета на Белград. Подоцна, Дивна решава целосно да се пресели таму, гледајќи го Белград  како поголем град со повеќе можности за да заработи пари.

Клиентите стапуваат во контакт со неа само по препорака на својот пријател, а нејзината цена постојано расте. Нејзиното единствено правило е тие никогаш да не го дознаат нејзиното вистинско име.

– Кога се занимавате со оваа работа морате да ги оставите емоциите на страна. Верувале или не, секогаш сум искрена. Ако некој маж ми се допадне и сакам да бидам со него му кажувам со што се занимавам, па ако ме прифати – во ред, ако не, негов проблем. Си имам свои причини кои се далеку поважни од забавување со некој маж – вели таа.

Дивна вели дека никогаш не сакала да оди на факултет и потоа да работи за бедни 300 евра, па решила да се обиде со нешто друго. Главната причина била нејзината мајка која е сериозно болна.

– Мајка ми отсекогаш беше болна, а татко ми нѐ остави кога бев мала. Лековите чинат многу. Многумина велат дека го одбрав полесниот начин. Живејте го мојот живот еден ден, издржете ги осудувачките погледи и навредите од околината, и потоа зборувајте дека одбрав полесен начин – револтирано вели Дивна.

Денот ѝ почнува во осум часот наутро кога оди на фитнес, бидејќио секогаш треба да биде во топ форма. Следно е посета на козметичар, фризер, а понекогаш и професионален стилист. Сето тоа чини пари, но цената на девојките за придружба како неа чини 1.000 евра за вечер и ноќ.

– Луѓето мислат дека мажите плаќаат само за секс, но тоа не е вистина. Пакетот кој го нудам јас опфаќа појавување на настани, деловни вечери на кои од мене се очекува да разговарам на економски и на политички теми. Следи појавување по клубови и на крај интимно дружење ако клиентот е заинтересиран и за тоа, додава оваа модерна проститутка или како што таа повеќе сака да се нарекува, деловна придружничка  – објаснува Дивна.

Таа додава дека иако постојат предрасуди дека нејзините услуги ги користат само стари и грди, туку дека повеќето од нив немаат ни 50 години и изгледаат навистина добро и одржано.

– Тоа се воглавно истакнати бизнисмени, банкари, брокери, како и водечките инвеститори. Фудбалерите, исто така, сакаат девојки како мене, бидејќи знаат дека ние немаме намера да им го уништиме бракот. Неретко се случува да ме изнајмат и хомосексуални мажи, за да им глумам девојка, во случај да сакаат да ја прикријат својата сексуална определба. Зошто да не, ако добро плаќаат, ќе глумам што и да треба – завршува Дивна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top