Најмалку 57 рудари останале затрупани под земја, при одрон во рудник за јаглен во западниот дел на Сибир, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.
– Во рудникот Красногорскаја во градот Прокопјевск, во Кемеровската област, дојде до уривање на карпа. Според непотврдени информации, во рудникот се наоѓале 57 луѓе, а во непосредната зона на уривање биле 17 лица – се наведува во соопштението на Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.