| четврток, 6 декември 2018 |

При одрон затрупани 57 рудари во Сибир

Најмалку 57 рудари останале затрупани под земја, при одрон во рудник за јаглен во западниот дел на Сибир, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

– Во рудникот Красногорскаја во градот Прокопјевск, во Кемеровската област, дојде до уривање на карпа. Според непотврдени информации, во рудникот се наоѓале 57 луѓе, а во непосредната зона на уривање биле 17 лица – се наведува во соопштението на Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top