| четврток, 6 декември 2018 |

Путин го призна Крим како суверена држава

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ „За признавање на Република Крим“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Во указот се истакнува дека „согласно волјата на народите на Крим изразена на референдумот одржан на 16 март 2014 година, се признава Република Крим како суверена и независна држава“, а градот Севастопољ има специјален статус.

Указот стапува во сила на денот на потпишување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top