| четврток, 6 декември 2018 |

Во Малезија ќе се вози Формула 1 и покрај кризата со исчезнатиот авион

Трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Малезија ќе се одржи во предвидениот термин на 30 март и покрај кризата во државата поради исчезнатиот авион, соопштија денес организаторите на овој настан.

– Што и да се случи Формула 1 ќе има во Малезија како што беше и планирано – изјави директорот на трката Разлан Разали.

Патеката „Сепанг“ на која ќе се вози трката се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, место од кое официјалните лица ја координираат потрагата по исчезнатиот авион.

Малезискиот „боинг 777“ со 239 патници и членови на екипажот исчезна пред девет дена во воздушниот простор над Јужно Кинеско Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top