Речиси 160 илјади граѓани доставиле годишни даночни пријави до Управата за јавни приходи, односно ги пријавиле своите дополнителни приходи остварени во текот на 2013 година.
Според последните податоци на УЈП, доставени се вкупно 159.502 годишни даночни пријави, од кои 1.290 се испратени електронски.
Денеска е последниот ден до кога може да се пријават приходите. Годишните даночни пријави може да е достават во даночните канцеларии на УЈП, Контакт центарот на УЈП во Градскиот трговски центар, каде што може да достават пријава и граѓани кои не се од Скопје, а престојуваат привремено во Скопје, како и во мобилните канцеларии на УЈП.
Се очекува до УЈП до крајниот рок да се достават 170 илјади годишни даночни пријави, слично како и минатата година.
Годишна даночна пријава се поднесува доколку во текот на 2013 година, покрај платата или пензија, физичкото лице остварило дополнителни приходи по основа на кирија, хонорар од авторски договор, добивка од наградна игра и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство