Трите последователни порази ги натераа сопствениците на Милан повторно да размислат за потегот кога на клупата го доведоа Кларенс Сидорф, кој до тогаш немаше тренерско искуство.
Според информациите на „Кориере дело спорт“, претседателот Силвио Берлускони и потпретседателот Адријано Галијани денес ќе разговараат за иднината на младиот холандски стратег на клупата на Милан.
Се претпоставува дека последна шанса на Сидорф ќе му биде натпреварот со Лацио, кој ќе се одигра на 23 март, односно доколку „росонерите“ од Рим не ги донесат трите бода, Холанѓанецот може да ги пакува куферите бидејќи со тој пораз ќе ја загубат и трката за место кое води во Лигата на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.