| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Градежништвото се покажа како мотор на економијата

 vmro-dpmne-otcet-6

Четвртиот највисок економски раст во Европа во 2013 година е движен од високите капитални инвестиции и директните странски инвестиции, односно извозот од нив. Во периодот 2011-2013, капиталните инвестиции продолжија да растат.

Ова денес го истакна премиерот Никола Груевски на презентацијата на отчетот за сработеното од 2011 до 2013 година.

Тој посочи дека се започнати крупни проекти во патната и железничката инфраструктура, како и во  обрзованието, здравството, енергетиката.

-Мерките кои ги превземавме обезбедија работа за градежништвото и други 26 гранки, многу фирми се ангажирани и многу граѓани добија работа. Во периодот од 2011-2013 година капиталните инвестици продолжија да бележат раст и изнесуваат 20 милијарди денари, што е пораст од 29 проценти во однос од 2010 година. Градежништвото со 33 проценти историски раст во 2013 се покажа како мотор на економијата – истакна Груевски.

Тој додаде дека извозот за прв пат надминал 3 милијарди евра, а околу 25 % од истиот се создаджва во новите капацитети во индустриските зони.

Премиерот нагласи дека со државен долг од 34,3 проценти е четврта најмалку задолжена земја во Европа, а бројките и фактите потврдени од реномирани меѓународни институции само покажуваат дека Македонија е земја со умерено и одржливо ниво на долг.

Груевски нагласи дека во услови на светска и европска економска криза успеале да остварат намалување на невработеноста.

-Во 2013 година се намали невработеноста на 28,7 проценти што е историски најниско ниво во последните 17 години. Се намали од претходни превискои нивоа од 38 проценти, создадени во времето на СДСМ. Отворени се 116.155 нови работни места во перидот во 2013 година – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top