Москва стави вето на резолуцијата на ОН за Украина, според која утрешниот референдум требаше да биде признат за невалиден, а Пекинг се воздржа во денешното гласање во Советот за безбедност на ОН.
Како постојан член на СБ, Русија може да блокира која било позиција на Советот.
Руското вето беше очекувано во момент кога Москва испрати воени единици во Крим.
Во кусата резолуција се наведуваше дека референдумот не е поддржан од украинската Влада во Киев. Во неа се повикуваа сите страни, меѓународни организации и агенции да не признаваат каква било промена на статусот на Крим врз основа на утрешниот референдум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



