| четврток, 6 декември 2018 |

Во Донецк издигнато руско знаме над зградата на Службата за безбедност

Демонстранти издигнаа денеска руско знаме над локалната управа на службата за безбедност во градот Донецк и побараа средба со раководителите.

Над илјада луѓе го зазедоа целиот простор и пред зградата. Дел од нив се качија на зградата и го поставија руското знаме наместо украинското.

Од службата за безбедност не биле преземени никакви дејствија. За редот во центарот на градот се грижат околу 1.500 полицајци.

Бројот на учесниците во акцијата за поддршка на референдумот за статусот, во Донбас денеска е над 5.000. Дел од нив се упатија кон зградата на локалната управа на службата за безбедност. Тие бараат ослободување од должност на гувернерот Павел Губарев, забрана на фашистичќки организации и ги повикаа властите во Донецк да ги земат под своја контрола
силите за безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top