Французинката Теса Ворли е победничка на денешната велеслаломска трка на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во Шладминг, Австрија. Ворли изненадувачки прва ја мина целта, пред Тина Мазе од Словенија и домашната скијачка Ана Фенингер.
Ворли водеше и по првата тркаа потоа само ја сочува предноста во второто возење. Со вкупно време од 02:08.06, таа доскија до златниот медал. Имаше една секунда и 12 стотинки подобро време од Мазе, која по првата трка беше четврта.
Последната трка на шампионатот во женска конкуренција е саботниот слалом, а утре на првенството е машката велеслаломска трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.