| четврток, 6 декември 2018 |

Малезиската полиција изврши претрес во домот на пилотот на исчезнатиот „Боинг 777“

Малезиската полиција денеска изврши претрес во домот на пилотот на авионот „Боинг 777“ на авиокомпанијата „Малејжа Ерлајнс“, откако властите соопштија дека истрагата утврдила оти леталото било намерно пренасочено од курсот
и најверојатно киднапирано.

Претресот на домот на пилотот Захари Ахмад Шах бил извршен набрзо откако малезискиот премиер Наџиб Разак на прес-конференцијата во Куала Лумпур соопшти дека досегашната истрага утврдила оти комуникацијата на авионот со контролата на летање била намерно прекината пред тој да пристигне до источното крајбрежје на Малезија.

Според Разак, врз основа на ваквите сознанија властите ја прошируваат истрагата со проверка на патниците и членовите на елипажот на авионот. – Истрагта навлегува во нова фаза, нагласи Разак.

Тој посочи дека авионот по помалку од еден час по полетувањето од Куала Лумпур, одденаш го променил правецот на движење од североисток кон запад во момент кога се наоѓал над северниот дел на Малајскиот Проток и тогаш дошло и до прекин на комуникациите меѓу „Боингот“ и контролата на летање.

Според Разак, сателите продолжиле да го следат сингналот авионот и откако тој исчезнал од радарите на контролата на летање. Последниот сигнал на авионот сателитите го регистрирале 7 часа и 31 минута по неговото полетување.

– Истражните органи вршат нови пресметки за да утврдат колку далеку можел да стигне авионот по последниот контакт со него, дополни малезискиот премиер.

Според него, утврдени се две претпоставни маршрути по кои се движел авионот. Едната е на потегот од северен Тајлад до границата меѓу Казахстан и Туркменистан, а втората од реонот јужно од Индонезија, па до југот на Индискиот Океан.

Разак нагласи дека во потрагата по леталото учествуваат 43 бродови и 58 авиони од вкупно 14 држави. Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот на летот Куала Лумпур – Пекинг исчезна минатата сабота, на 8 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top