Шампионот Мајами Хит за прв пат од 2011 забележа два последователни порази. Тие синоќа беа поразени од екипата на Денвер со резултат 111-107. Најзаслужен за победата на Денвер беше Кенит Фарид со 24 поени и 10 скока.
ЛА Лејкерс забележаа уште еден катастрофален пораз оваа сеозна, која сите во клубо ќе сакаат да ја заборават што побргу. Сан Антонио ги победи ‘езерџиите’ со 119:85, а Спарси уште на полувремето имаа предност од 27 поени.
Петмина кошаркари на Сан Антонио постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Мет Бонер со 15 поени, колку што на споритвната страна реализира Пау Гасол.
ЛА Клиперс, против Јута ја забележаа 10-та победа во низа со што го израмнија клупскиот рекорд. Блејк Грифин со 20 поени и по пет скокови и асистенции г предводеше Клиперси до победата од 96:87.
Резултати:
Орландо – Вашингтон 101:105
Филаделфија – Индијана 94:101
Торонто – Мемфис 99:86
Шарлот – Минесота 105:93
Бостон – Феникс 80:87
Мајами – Денвер 107:111
Њу Орлеанс – Портланд 103:111
Сан Антонио – Лејкерс 119:85
Јута – Клиперс 87:96
Г.Стејт – Кливленд 94:103
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бокс пресметка на теренот во Торонтo, малку фалеше да дојде и до втора тепачка (видео)
-
„Чија си“ ечи во арената на Мајами: Драгиќ ја забавува публиката со песна од Тоше Проески (Видео)
-
Историско финале на Истокот за Торонто, Мајами декласиран во мајсторката (видео)
-
Мајами израмни и изнуди мајсторка со Торонто (видео)


