Како што соопштуваат од Скопски саем, развојните планови на групацијата ЕРА вклучуваат изградба на нов градски шопинг центар, кој ќе биде изграден во непосредна близина на центарот на градот Скопје и вклучува шопинг и забавен центар, деловни објекти и хотел.
Претседателот на Управата на Групацијата ЕРА Гвидо Омладич изрази големо задоволство од потпишувањето на договорот што, како што вели, значи последен чекор во реализацијата на проектот ЕРА Сити.
Извршниот директор на ТриГранит менаџмент Филип Еванс, потенцира дека со влегувањето на пазарот на Република Македонија го пришируваат не само нивното професионално портфолио, туку и сорботката при управувањето на саемскиот и изложбениот простор на нивното стручно портфолио.
Тој додаде дека со потпишувањето на овој договор компанијата ТриГранит Менаџмент Корпорејшн го зајакнува присуството на Балканот.
Корпорацијата ТриГранит, како дел од соработката, со Скопски саем ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.
Групацијата ЕРА е сопственик на Скопски саем, најголем саемски и изложбен простор во Македонија со површина од 55.000 метри квадратни. Компелксот е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на Групацијата ЕРА, сместено на 23 хектари детално урбанистички уредена површина.
ТриГранит Девелпмент Корпорејшн е една од најголемите претпријатија кое се занимава со развој на недвижности во Европа, и со инвестиции, развој и управување со недвижности. Работи во седум држави во Средна и Југоисточна Европа и има големо портфолио на довршени атрактивни недвижности, бројни подготвени проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.