
Поранешниот југословенски премиер Милан Паниќ во интервју за новиот број на српскиот „Неделник“ вели дека Југославенската федерација требала да влезе во ЕУ на почетокот на деведесетите години минатиот век, бидејќи била поспремна и постабилна од Португалија или од Грција.
Требаше да влеземе во ЕУ и тоа Унијата ќе ја чинеше десетпати помалку. Јас оддамна велев дека Геншер требаше да заврши во Хаг заради почетокот на распаѓањето на Југославија- вели Паниќ во поопширна исповед за весникот, во која се навраќа и на времето во кое беше на чело на сојузната влада.
Уште на лондонската мировна конференција 1992г. Паниќ вели дека бил сигурен дека ќе го победи Милошевиќ и дека ќе го присили да потпише мир и да даде оставка.
-Бев убеден дека ќе го минирам. Бев убеден дека ќе го победам. Јас тогаш бев шеф на делегацијата, ја имав командата во раце и бев над Милошевиќ и Чосиќ. Се сеќавам на тој момент, бутрос Гали го праша нешто Милошевиќ, а јас му реков „Јас сум водач на делегацијата, мене мора да ме прашате“. Тогаш се случи тоа познатот кога му реков „Ти седи доле. Има да седнеш кога ти велам“. Јас не сум невоспитан човек, а тоа беше скоро невоспитано. Но морав тоа да го сторам, бидејќи не чинеше. Нешто мораше да се стори со него. Во хотелот тргна на мене. Тогаш му реков дека мора уште дента да поднесе оставка. „Доволно е што не срамотиш во Југославија, но не срамотиш и низ светот“. Бев убеден дека е готово. дека војната е готова. но тој ги убеди своите во собранието да гласаат против- го опишува Паниќ тој ден, па додава
-Милошевиќ не беше единствениот „лудак“ во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со Дарко Панчев во стартниот состав: Пред точно 26 години, Југославија се прости од фудбалската сцена
-
Тајни белешки на ФБИ ја обелоденија вистината за Тито – конечно откриено кој ја водел Југославија
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години
-
Генерал на НАТО: Бомбардирањето на Југославија слично на нападот врз Нагасаки


