Поранешниот руски министер за финансии Алексеј Кудрин предупреди дека руската економија веќе трпи последици од украинската криза, дури и пред да се воведат санкциите кон Русија.
-Можам да кажам за безбедноста: славините за кредити на Русија се затвораат. Кредитите кои ги земаа нашите претпријатија во странство одат директно до 700 милијарди долари. Денес износот започнува да се намалува, затоа што бројни кредити ќе бидат откажани, некои заеднички проекти ќе бидат застанати а тоа веќе започна- објаснува тој.
Кудрин предупреди и дека постои ризик растот на економијата во Русија, кој е веќе во пад, да биде намален на нула оваа година. Ако западните земји воведат остри санкции кон Русија, бегството на капиталот ќе достигне 50 милијарди долари во првата половина на годината, оцени Кудрин.
Можните економски санкции против Русија ќе бидат ограничени, затоа што, ако бидат воведени, како бумеранг ќе се удри по ЕУ, смета шефот на Социете женерал банкара, Фредерик Удеа.
-Лично мислам дека тие санкции ќе бидат со ограничен карактер. Треба да се има на ум дека, во случај да бидат воведени, Европа во извесна смисла ќе изгуби исто толку колку и Русија, рече Удеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.