Во Меѓународниот суд во Хаг денеска заврши првиот круг од усното изнесување на аргументи на меѓусебните обвиненија за геноцид на Србија и Хрватска, што почна на 3 март. Хрватска прва ги изнесе аргументите од 3 до 7 март, по што Србија изнесе контра-аргументи од 10 до 14 март.
На 18 март хрватската страна ќе има можност да даде одговор на српските обвиненија, по што ќе следи втор круг на изнесување аргументи од 20 март до 1 април.
Во 1999 година Хрватска поднесе до Меѓународниот суд тужба, во која тврди дека Србија извршила геноцид преку кампања за етничко чистење за време на војната во Хрватска 1991-1995 година.
Србија во 2010 година одговори со контра-тужба тврдејќи дека Хрватска извршила геноцид врз побунетите етнички Срби, прогонувајќи над 200 илјарди од нив кон крајот на војната.
Крајната пресуда, што не може да биде обжалена, според експертите може официјално да биде објавена кон крајот на годинава или почетокот на 2015 година и ќе биде обврзувачка за двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.