Референдумот, закажан за недела во Крим, е во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
Бан Ки-мун и Путин разговараа за ситуацијата во Украина, вклучително и претстојниот на 16 март референдум за независност на Автономната Република Крим, соопшти прес-службата на Кремљ, јави ИТАР-ТАСС.
Путин истакнал дека одлуката за организирање на референдум целосно одговара на нормите на меѓународното право и на Повелбата на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.