Ракометарките на ЖРК Вардар Татјана Хмирова, Алисон Пино и Јованка Радичевиќ денеска во ГТЦ пред Југотон беа на располагање на своите симпатизери за сликање, автограми и за дружење во пресрет на последниот натпревар од Лигата на шампионите во групата 1, кој се игра в недела во 18 часот.
Сите што купија две влезници за овој натпревар добија и маица со потпис од ракометарките.
Ракометарките посакаа полна сала в недела за сите заедно да ја прослават победата и пласманот во полуфиналето на завршниот турнир во Будимпешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.