Лионел Меси, најверојатно, не го прифатил добро поразот на неговиот тим од Валјадолид, па поради тоа не бил расположен за дружење со домашните навивачи.
По мечот, навивачите на Валјадолид еден и пол час ги чекали фудбалерите на Барселона да завршат со допинг-тестот за да можат да направат некоја фотографија со фудбалските ѕвезди.
Меѓутоа, најголемата ѕвезда на Барселона не била расположена, па така Аргентинецот само поминал покрај нив и влегол во автомобилот.
Тоа длабоко ги разочарало навивачите кои го чекале и му викале: „Те чекавме час и половина, барем кажи нешто“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)