„Вединг лист“ или листата на свадбените подароци е новата продажна услуга што за првпат ја воведуваат „Техномаркет“ и марките за уредување во домот, „Коинкаса“ (Coincasa) и „Хоум“ (@Home).
Услугата што претставува редовна практика во модерниот свет, подразбира составување листа со потребните и посакувани производи од страна на младенците, производи што потоа гостите ги купуваат како свадбен подарок.
Гостите се информираат најчесто преку свадбените покани дека подароците се достапни во салоните на „Техномаркет“, „Коинкаса“ и „Хоум“. Гостите со помош на продавачите и листата составена од младите го избираат совршениот подарок за идната брачна двојка.
– Постојано ги следиме светските трендови во делот на достапноста на производите, но работиме и на подобрување на услугата во нашите продажни салони. Услугата „Вединг лист“ е услуга што е веќе долго време достапна на западните пазари и е многу атрактивна, пред сѐ, од практичен аспект. Брачната двојка ги добива само производите што им се неопходни во новиот заеднички дом, нема повторување на исти подароци, а гостите се поштедени од барање совршен подарок. Поради тоа, ја воведовме оваа понуда, да помогнеме во исполнување на желбите на сите брачни двојки и да ги направиме нашите производи и услуги подостапни. Сигурни сме дека ќе придонесеме за уште посреќна заедничка иднина на младите двојки што ќе ја изберат оваа услуга – изјави Марија Ристовска, маркетинг-менаџер во„ Техномаркет“.
Со секоја направена листа, брачните двојки ќе добијат бесплатни свадбени покани по сопствен избор и можност да освојат патување за својот месен месец. Концептот и идејата на свадбената листа ќе бидат презентирани на Саемот за венчавки што ќе се одржува од 14 до 16 март во хотел „Александар палас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
Принцот Хари и Меган ја шокираа јавноста: Ги вратија сите подароци, а задржаа само еден
-
Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата