| четврток, 6 декември 2018 |

Мистеријата на исчезнатиот „боинг“ се продлабочува: системите биле исклучени рачно!?

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f

Двата комуникациски системи во исчезнатиот авион „боинг 777“ биле исклучени во различен временски период, јавува американската телевизија „Еј-Би-Си њуз“ повикувајќи се на извори во американската администрација.

Според нивните информации, едниот комукациски систем бил исклучен во 1.07 часот, ноќта кога авионот исчезна, додека другиот 14 минути подоцна. Неименуваниот извор наведува дека, поради тоа, леталото не можело да исчезне од радарите поради општ дефект.

Американските истражители кои веќе се во Малезија веруваат дека овие комуникациски системи биле исклучени рачно.

Експертот за авијација Џон Ненси, за „Еј-Би-Си“ вели дека ако се покажат овие тврдења како вистините, сѐ поголема е веројатноста дека авионот исчезнал со нечија намера, а поради несреќен случај.

Нешто претходно, американските власти објавија дека имаат индиции оти авионот се урнал некаде во Индиски Океан поради што испратиле воен брод во обид да ги лоцира остатоците од леталото. При тоа не соопштија на што ги темелат индициите, но од неколку извори се појавија информации дека авионот со часови по исчезнувањето од радарите продолжил да дава електрични импулси кон комуникацските сателити.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top