Старите патнички композиции за најмногу дваесетина месеци ќе заминат во историјата. Ќе ги заменат нови, современи, за побрз и безбеден транспорт. Ќе се обновува 60- тина насто од возниот парк…
Испишани со графити, со дотраен инвентар во кабините, со хигена на ниско ниво, стари и бавни, возовите купени пред неколку децении се лош имиџ за македонската железница. Додека стигнеш можеш да спремиш испит од Битола до Скопје, на шега вели еден од патниците. Ретко кој ги користи, анализира МТВ.
– Патувам два пати годишно од Битола до Скопје…Ако се расипе останавме меѓу станици…Сабајле дојдовме од Битола – беше стоплен возот, не беше лошо – велат дел од патниците.
Старите патнички композиции за најмногу дваесетина месеци ќе заминат во историјата. Ќе ги заменат нови, современи, за побрз и безбеден транспорт. Ќе се обновува 60- тина насто од возниот парк. Во фаза е набавка на шест гарнитури за превоз на 1.200 патници и 150 товарни вагони. Се спроведува со Европската банка. Првите понуди ќе се отвораат на четиринаести април.
– Наредната година граѓаните ќе се возат со нови возови, летото ќе почнеме да ги испорачуваме локомотивите на обнова, за набавката на 150- те товарни вагони договорот е склучен, како што е планирано ќе бидат испорачани до крајот на годината – вели Оливер Дерковски, директор на МЖ Транспорт.
Од Скопје до Софија со воз ќе се стигнува за час и половина. И бизнисот и граѓаните на кои долго им ветуваат, сега веќе оптимистички очекуваат. Механизацијата е на терен. Куманово- Бељаковце почна да се гради. Владата најави, ќе биде готова за две и пол години. До Крива Планка ќе почне крајот на 2015- тата. Најскапата и најкомплексна до Деве Баир ќе чини 360 милиони евра.
– До 2022 ќе има пруга меѓу Македонија и Бугарија. Паралелно се работи на три делници, оваа година ќе заврши Ногаевци- Неготино – посочува министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Нов лик ке добијат и 10- тина железнички станици. Реконструкцијата ќе се прави со пари од ИПА фондовите.
Изградена во осумдесетите, по 33 години ќе се реконстуира Железничката станица во Скопје. Нов лик треба да добие до 2015- та годиниа.
Со дополнителни инвестиции, железницата ќе стане профитабилна и масовно користена и од патниците и од бизнисите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.