Астрономите ја открија најголемата жолта ѕвезда во нашата галаксија, 1.300 пати поголема од Сонцето, велат претставници од јужноевропската опсерваторија во Парнала во Чиле.
Џиновската ѕвезда наречена „HR 5171“ е сместена на 12 илјади светлосни години од Земјата и е една од десетте најголеми ѕвезди во Млечниот Пат.
Оваа ѕвезда е за половина поголема од познатата „Бетелгез“ во соѕвездието Орион и е милион пати посветла од Сонцето.
Суперголемите жолти ѕвезди се многу ретки – само десет се регистрирани во нашата галаксија меѓу кои најпозната е „Ро Касиопеја“.
И покрај големата оддалеченост, оваа ѕвезда е видлива со голо око, велат астрономите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.