Се намалува бројот на заболени од грип во Македонија, соопштуваат од Институтот за јавно здравје. Од 3 до 9 март година се регистрирани 2.502 новозаболени, што е за 23,6 отсто помалку во споредба со претходната седмица, а за 4,7 отсо повеќе од истиот период лани.
Регистриран е и еден смртен случај во овој период, со што бројот на починати кај кои е дијагностициран грип достигна 11.
Вкупниот број заболени од грип од почетокот на сезоната 2013-2014, изнесува 24.661 и во однос на минатата година е поголем за 34,6 отсто. Најголем број, вкупно 3.674 се регистрирани во Скопје, а најмногу болни, односно 16.055 се во возрасната група од 15 до 64 години.
Активноста на вирусот на инфлуенца почнува да се намалува и се очекува тој тренд да продолжи и во наредниот период, информираат од Институтот за јавно здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.