| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на Милчо Манчевски во САД

Milco Mancevski

Милчо Манчевски

Во САД е во тек настанот „Денови на Манчевски: мајчин дожд“, кој почна на 11 март, а вклучува прикажувања на неговите филмови „Прашина“, „Мајки“ и „Пред дождот“. Настанот е поддржан од Одделот за модерна култура и медиуми, Малколм С. Форбс -центар за култура и медиуми, Одделот за славистика и Канцеларијата на деканот на колеџот, Асоцијацијата на централно и источноевропски студенти и Меѓународната организација при Универзитетот „Браун“.
Посетителите имаат можност, по гледање на филмовите, да учествуваат во отворено интервју со Манчевски, каде што тој поопширно ќе зборува за своите дела, а посетителите ќе можат со сопствени прашања подобро да се запознаат со неговата работа.
Филмовите на Манчевски се од интерес не само за љубителите на кинематографијата, туку и за студенти и академици од различни дисциплини. „Пред дождот“, неговиот прв филм, по својата премиера во 1994 година освои над 30 меѓународни награди, меѓу кои „Златен лав“ и номинација за „Оскар“.

„Прашина“ премиерно го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Венеција во 2001 година, додека во 2010 година се одржа премиерата на „Мајки“ на Берлинскиот филмски фестивал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top