
Голем пожар во Париз, кој се случи во средата навечер, предизвика паника меѓу жителите на главниот град на Франција. Противпожарната служба забележила над 400 повици.
Пожарот се случил околу 23 часот, засега од непознати причини. Во несреќата, во која биле уништени третиот и четвртиот кат на зградата, немало жртви, но имало многу чад, кој се почувстувал на неколку места во градот.
– Пожарот зафатил голема површина, два ката од по 500 квадратни метри и поради тоа имаше многу час. За среќа, нема жртви – изјави за новинската агенција АФП портпаролот на службата.
Во гаснење на пожарот учестувале 20 пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


