| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци шверцувале марихуана и превезувале илегалци во Хрватска

zapleneti-105-kg-marihuana-vo-juzhna-albanija-97763

Повеќе од 12 килограми марихуана се пронајдени и запленети во автомобил на 22-годишен македонски државјанин, кој, освен дрога, во Хрватска илегално превезувал и двајца сонародници, соопшти денеска хрватската полиција.

Тројцата македонски државјани се приведени и со кривични пријави се предадени на Вуковарско-сремската полициска управа.

При претресот на автомобилот со словенечка регистрација, кој бил запрен по полноќ на автопатот Загреб-Липовац, дрогата е пронајдена во три патни торби. За двајцата патници во автомобилот било утврдено дека во Хрватска влегле незкаонски, пренесува хрватската агенција Хина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top