| четврток, 6 декември 2018 |

Експерти од „Газпром“ наскоро во Македонија

JUZEN_POTOK

Експерти од рускиот енергетски гигант „Газпром“ деновиве доаѓаат во земјава за да работат на реализација на спогодбата што македонската влада ја потпиша лани на 23 јули во Москва за изградба на кракот од гасоводот „Јужен тек“ кон Македонија.

Се вршат детални анализи кои треба да ја одредат маршрутата на кракот од гасоводот и вредноста, условите и роковите за снабдување на земјава со руски природен гас.

По студијата за исплатливост, руски „Газпром“ и македонски енергетски ресурси се очекува да формираат заедничка компанија за проектот за изградба на кракот со удел од по 50 проценти.

– Со гасоводот „Јужен тек“ земјава ќе добие долгорочна енергетска стабилност бидејќи ќе се обезбедат потребните количини на евтин гас и за индустријата и за домаќинствата – изјави лани премиерот Никола Груевски по посетата на Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top