| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Пренџова избрана за најдобар поет на првите регионални поетски средби

Промоцијата на книгата поезија од Елена Пренџова во превод на хрватски, следувала како награда за најдобар поет на првите регионални поетски средби од 2012 година, на кои учествувале поети од Македонија, Брчко, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Црна Гора. Одлуката ја донела комисијата во состав: Хакија Кариќ (претседател), Лилјана Тадиќ и Драгољуб Васиќ, која оценувала по три песни од секој учесник.

– Новиот бран движења во македонската книжевност полека, но сигурно ги преминува физичките граници на постоење и несопирливо се шири по регионот. Поетите од новата генерација, меѓу кои секако е и Елене Пренџова, се предводници на тие движења кои нудат модерна поетичност, несекојдневен пристап со јасно отклонување од ограниченоста и сместување во трендовските теченија. Дали тоа што го работи Пренџова го прави од обична потреба или од потребата со својот поетски израз да се менува себеси и светот околу себе, нема (и не треба) никогаш да дознаеме, но таа го заробува просторот со мелодијата на стихот, најсилното оружје во рацете на оној кој знае со збор да се бори, а стихот како стих-стварен во нестварноста, јасен во нејасноста, е како птица која и со скршени крилја зане да ги достигне височините. Таа женска нота во поезијата на Елена Пренџова суптилно е провлечена со намера првенствено да ја чујат машките уши и не само машките, а оние кои знаат да ги читаат тајнките пораки на женската поезија сигурно ќе ги маркираат и за момент ќе го запрат треперењето, ќе го запрат здивот – се вели во образложението на комисијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top