| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец останал без лаптоп, 1.500 евра, накит и часовници

Тешка кражба се случила вчера во попладневните часови во стан во Скопје.

kradec

Министерството за внатрешни работи информира дека се случила тешка кражба во станот, каде што под кирија живее 36-годишниот В.К., на улицата Вич во населбата Карпош 4.

Крадецот во 18.40 часот, со употреба на погоден предмет влегол во станот од каде одземал 1500 евра во различни валути, лап топ, шест рачни часовници, документи, бижутерија и среберен накит, причинувајќи штета од околу седум илјади евра.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

Извор: tocka.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top