Заменикот на генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), Хоулин Жао престојува во посета на Македонија на покана од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
На средбата министерот Ивановски ќе се осврне на степенот на развој на информатичкото општество, проектите што досега се преземени на овој план, како и на планираните активности што треба да се реализираат во следниот период.
Македонскиот министер, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, ќе побара поддршка за позитивен резултат по апликацијата на Македонија за вклучување во Советот на Интернационалната телекомуникациска унија, што би претставувало чекор напред во создавањето на улогата на Македонија на меѓународен план во ИКТ областа.
Во септември годинава се очекува Хоулин Жао да стане прв човек на Интернационалната телекомуникациска унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.