Властите ја преиспитуваат теоријата дека пилотот на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ извршил самоубиство, изјави Џон Бренан, шеф на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), на прашањето дали е можно пилотот намерно да го урнал авионот.
Малезиската полиција, пак, во меѓувреме прави психолошки профили на сите 239 патници и членови на екипажот што летаа во саботата од Куала Лумпур до Пекинг во авионот кој исчезна кратко време по полетувањето.
Теоријата на самоубиство би можела да објасни како авионот „исчезна“ од радарот кој го следеше неговото движење. Тоа би било можно ако пилотот намерно го исклучил уредот за пренос на електронските сигнали.
Бренан не ја отфрла и можноста за терористички чин.
– Во моментов има премногу шпекулации кои не се потврдени, ниту, пак, поткрепени со докази – рече тој додавајќи дека постојат многу прашања на кои засега нема одговор, на пример, дали или каква улога имале патниците со украдени пасоши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.