| четврток, 6 декември 2018 |

Западот размислува за резолуција на ОН за планираниот референдум на Крим

ukrainaЗападните држави ја разгледуваат можноста да поднесат резолуција во Советот за безбедност на ОН како одговор на референдумот во Крим, закажан за в недела. На референдумот избирачите ќе треба да се изјаснат или за присоединување кон Русија или за значително поголема автономија на Крим.

Киев и западните земји го сметаат референдумот за незаконски и се обидуваат да го убедат рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине напорите за промена на статусот на украинската автономна република. Со оваа резолуција ќе се потврди неопходноста од зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ќе се констатира дека кримскиот референдум го крши украинскиот Устав.

Според дипломатски извори, текстот на документот ќе биде со умрен тон, во обид да се убеди Пекинг во различен став од Москва. Со тоа Русија, секако, ќе стави вето, но ако Кина се воздржи од гласање, тоа уште повеќе ќе ја изолира Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top