Питер Ралф е пензиониран мајстор за поставување покриви, кој до пред четири години живеел со својата сопруга Паула, но во моментот кога заминал во пензија го напуштил домот и почнал да живее во шатор на брегот на езерото Орчид во Окфордшир.
Неговата жена од тогаш го посетува еднаш месечно со чисти алишта и неопходни намирници, пишува „Дејли Мејл“. Ралф за тоа парче од брегот плаќа шест илјади фунти годишно, а друштво му прави неговото куче Шугар. Страствениот рибар во последните четири години потрошил 486 килограми мамци.
На сопругата Паула не и пречи што сопругот живее на езеро затоа што ја има целата куќа само за себе. Секојдневно се слушаат по мобилен, а Паула вели дека таа е среќна ако тој е среќен.
Ралф во неговиот шатор има мал телевизор, фрижидер и комфорен кревет. За готвење користи скара, а најчесто оброци му се рибите и животни кои ги прегазил некој со автомобилот.
Најголем лов на Петер Ралф до сега му бил шаран, тежок околу 15 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.