| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Беи д фиш“

bei the fish

Концертна промоција на новиот албум на една од најомилените македонски групи „Беи д фиш“ ќе се случи в петок (22 часот), во легендарната „Денсинг сала“ на Македонскиот културен центар (МКЦ). Нивниот последен албум „At the end of the sand“ е ново и храбро поглавје во нивната десетгодишна плодна кариера. Откриваат пространства, кои досега не биле посетени и даваат прекрасна интимна, но во исто време и глобална лирика, која тера на размислување.

Билетите за концертот чинат 200 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top