| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Сити во невозможна мисија против Барса

Вечерва на програмата се другите два реванш натпревари од осминафиналето на Лигата на шампиони во кои Барселона и ПСЖ бранат предност од победите во Манчестер и Леверкузен. Каталонците на „Етихад“ славеа со 2-0, но моментално се во криза а тоа го покажаа во шпанската Примера.

Мораме да го заборавиме поразот од Ваљадолид, да престанеме да се сожалуваме. Мораме да гледаме напред, не чека важен натпревар. Можеби Сити го загуби првиот натпревар, но знаеме дека сите играат мотивирано против нас – изјави напаѓачот на Барселона Алексис Санчез.

Аргентинскиот стратег Пелегрини најави офанзивна игра па тоа ни гарантира добар меч.

Мислам дека во фудбалот се е возможно. Викендов ги гледав против Ваљадолид и тој натпревар покажа дека и тие се луѓе. Ќе биде тешко, но мораме да се фокусираме на Барселона и да мислиме позитивно за да дојдеме до позитивен резултат – вели Насри.

ПСЖ пак има голема предност од 4-0 против Баер Леверкузен. Парижаните веќе најавија комбиниран состав за вечерашниот меч, па така можеме да очекуваме дека дуелот на „Паркот на принцовите“ ќе биде само формалност за двата тима.

Секогаш морате да барате многу од вашиот тим. Во Лигата на шампиони пласманот се одлучува во вториот натпревар, така да за сега ние не сме пласирани. Кој и да игра, мора да има желба да победи. Тоа е важно, бидејќи големите тимови мораат да бидат сконцетрирани, дури и кога им е тешко – вели тренерот на ПСЖ Лорен Блан.

Двата натпревара се играат во стандардниот термин во 20:45.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top