| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните повеќе сакаат да ги платат отколку да ги одработат казните

Министерството за транспорт и врски во текот на минатата година поднело повеќе од 8200 прекршочни пријави за повреда на Законот за јавна чистота, а само 22 отсто од нив побарале наместо да платат, да извршат општокорисна работа.

Според податоците на министерството, од 8.249 казни кои лани биле изречени за непочитување на законот, најголем број од нив биле поради недозволено продавање на индустриски производи. На второ место се казните за пушачите кои фрлале отпушоци на јавна површина, а меѓу првите три причини за изрекување на ваквите казни е и пренесувањето на товар без поклопец односно церада.

Според законот за јавна чистота, за фрлање отпадоци, отпушоци и други предмети, глобата за физичките лица 50 евра во денарска противвредност, но граѓаните можат да одберат наместо да ја платат казната да извршат општокорисна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top