| четврток, 6 декември 2018 |

Се вжештува на Крим: Почнаа воени вежби во Црно Море

Почна заедничката вежба на силите на САД, Бугарија и Романија во Црно Море откако претходно беа откажани поради лошите временски услови.

– Овој пат вежбата почна според планот – потврдил бугарскиот потполковник, Димитар Титев, за „Ројтерс”.

Американскиот разорувач „УС Трукстун“ со 300 морнари и дел од американската шеста флота со седиште во Италија се придружи во маневрите кои се изведуваат заедно со бугарската поморска фрегата „Дразки” и три романски бродови во Црно Море.

„Ројтерс“ наведува дека воената вежба почнала во водите крај Крим во Црно Море, каде што руската војска ја презеде контролата од Украинците.

На северот од Полска, американски воени авиони треба да се вклучат во заедничките вежби заедно со силите на Полска. САД истакнуваат дека и двете воени вежби, во Романија и во Полска, биле планирани пред избивањето на кризата во Украина, наведува британската агенција. Бугарското Министерство за одбрана, исто така, навело дека вежбата „ПАСЕКС”, југоисточно од романскиот крајбрежен град Констанца, била планирана минатата година и е дел од заедничките воени вежби на трите земји кои не се поврзани со ситуацијата во Украина и североисточниот дел од Црно Море.

Бугарскиот министер за одбрана, Ангел Најденов, истакнал дека го известил украинскиот амбасадор во Софија, Микола Балтај, дека е откажана заедничката поморска воена вежба „Blackseafor”, која требало да биде под команда на Украина во периодот од 28 март до 15 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top