| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје девет сообраќајки за 24 часа

soobrakjajka_5

Во Скопје за 24 часа се случиле девет сообраќајки. Од нив, четири се со последица материјална штета, четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила и тројца сопатници во возилата и една незгода е со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила во 16 часот и 10 минути на ул. „Еден“, во село Љубин, општина Сарај, во која учествувале товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак – дете на возраст од четири години кое се здобило со тешки телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција исклучени се 12 возила поради утврдена неисправност на системот за стопирање, системот за управување или, пак, на пневматиците. Санкционирани се и 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, четири возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, пет возачи кои ги управувале своите возила со истек на важноста на сообраќајната дозвола и тројца возачи кои се исклучени од сообраќај поради управување на возилата под дејство на алкохол.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Невена Георгиева Дуња“ на подрачјето на општина Кисела Вода.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top