Директорот на ЦИА Џон Бренан не ја отфрла верзијата за тероризам, како причина за исчезнувањето на авионот Боинг на малезиската авиокомпанијата „Малезијан Ерлајнс“.
Авионот исчезна во саботата во раните утрински часови, откако полетал од Куала Лумпур. По неговото исчезнување не е потврдена ниту една од изјавите за случајот, нагласи Бренан, додавајќи дека не ја отфрла можноста за поврзаност со терористичка организација.
Се уште има премногу неодговорени прашања за носење заклучоци за мистериозоното исчезнување, заклучи Бренан. – Го разгледуваме прашањето многу внимателно, но случајот останува мистерија, нагласи тој.
Авионот со 239 патници летал од Куала Лумпур за Пекинг. Последниот контакт со контролорите на летот го остварил кај источниот малезиски град Кота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.