Пилотот на малезиски авион кој исчезна со 227 патници и 12 членови на екипажот, во минатото го кршел протоколот и повикувал патници во кокпитот на авионите, се сликал со нив, а наводно пушел и цигари, открива aавстралискиот весник „Хералд Сан“.
Весникот објавува и фотографии на кои се гледа како пилотот Фарик Абдул Хами (27) позира со две патнички во кокпитот.
Двете патнички, Џонти Рос и Џан Маре, тврдат дека биле повикани да дојдат во кокпитот за време на интерконтиненталниот лет од Пукет до Куала Лумпур.
Рос за весникот „Кјурент Афер“ рече дека таа и Маре позирале со пилотот, кој пушел цигари за време на летот.
– За време на целиот лет тој зборуваше со нас и пушеше, иако сметам дека тоа не е дозволено. Во еден момент тие сосема беа завртени кон нас и не ја гледаат контролната табла – вели Рос.
Таа додава дека во еден момент пилотот дури ја зел раката на нејзината пријателка за да и гледа во дланката.
Овој инцидент се случил во декември 2011 година, кога Рос со пријателката патувале од Пукет до Куала Лумпур. Кога седнале во авионот, им пришол стујардот и ги повикал да дојдат во кокпитот кај пилотот.
Иако сликите покажуваат дека пилотот го прекршил протоколот, пред се поради тоа што повикал патници да бидат со него во кабината, Рос вели дека не се почувствувала загрозено ниту во еден момент.
– Се чувствував безбедно, Ниту во еден момент не се почувствува загрозено. Тие беа многу пријателски настроени и имав впечаток дека се многу самоуверени и сигурни во тоа што го работат – рече Рос.
Додава дека и пречело во еден момент што многу пушеле на толку мал простор, но не можела „да му каже на пилотот што да работи“.
Рос наведува дека пилотите ги повикале на ја променат својата рута на патување, за да останат преку ноќ во Куала Лумпур. Додава дека била шокирана кога дознала дека истиот пилот бил на летот кој исчезна со 239 лица од радарот над Јужното кинеско море.
Фарик бил копилот на овој лет.
Судбината на малезискиот авион и натаму е непозната. Последен кој воспостави контакт со овој авион е Боинг 777 кој летал само 30 минути пред нив.
Според зборовите на тој пилот, комуникацијата се одвивала преку френкфенцијата која се користи за итни случаи.
Пилотот наведува дека е прилично сигурен дека зборувал со копилотот, Фарик.
– Имаше многу пречки, но успеав да ги слушнам од другата страна. Тоа беше последен пат што се слушнавме и се изгуби врската – рече пилотот кој инсистираше да остане анонимен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.