Водачот на „Металика“ Џејмс Хетфилд реагирал на информациите дека во затворот „Гвантанамо“ војската ја користи музиката на неговата група за мачење на затворениците.
Анонимен американски специјалец открил дека пејачот на „Металика“ Џејмс Хетфилд бил прилично изнервиран кога слушнал дека американската војска ја користи нивната музика за мачење на затворениците во „Гвантанамо“ на Куба.
Хетфилд, наводно, контактирал со американската војска и побарал веднаш да престанат во ваквиот бизарен начин на мачење, но одговорот, според „Дејли мејл“, е воена тајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.