Стамен Филипов, рекордерот по бројот на поднесени иницијативи за оспорување на уставноста на законите, поднесе иницијатва до Уставниот суд на Македонија за вакцинацијата.
Долго време по социјалните мрежи се води дискусија за задолжителните вакцинации на децата. Се оспорува дури и потребата од вакцинирање на децата и правото на избор на родителот за тоа како и со што ќе си го заштитува детето. Се отворија и дилемите за квалитетот на вакцините и за големите бизниси на фармацевтските компании. Досега се регистрирани и првите случаи на одбивање на вакцинација што не се мотивирани од социјални причини. И покрај ова, во Министерството за здравство нема никакви дилеми за законската обврска околу вакцинирањето на сите деца и уверуваат во исправноста на вакцините што се купуваат во Македонија и се во согласност со критериумите на Светската здравствена организација. Надлежните институции предупредуваат, ако овој тренд на одбивање на вакцинацијата продолжи, дека е можна појава на заразни болести, кои во земјава се речиси искоренети.
Казната за одбивање на спроведување на законската обврска за вакцинација е од 300 до 650 евра, а веќе се издадени и неколку прекршочни пријави за невакцинирање на децата.
Во Србија и во Грција веќе се спроведува вакцинација со т.н. петвалентна вакцина, со која еднаш се врши заштита од детска парализа, туберкулоза, голема кашлица, менингитис и од инфекции на увото, грлото, носот. Во Министерството за здравство велат дека и кај нив има иницијатива за купување ваква вакцина, која многу би ја олеснила вакцинацијата на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вакцинацијата против грип почнува вo понеделник
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти