| четврток, 6 декември 2018 |

Освоила два милиона благодарение на колачиња на среќата

Кинеското колаче на среќата, навистина, ѝ донесе среќа на една 75-годишна жителка од Њујорк – играла лотарија со броевите од пораката од колачето и освоила два милиона долари.

Пензионерката Ема Давол од Бронкс изиграла лото по вечерата во кинескиот ресторан во Гринвич Вилиџ и на нејзина среќа токму тие биле добитните бројки.

Давол, која била сопственичка на ресторанот, добивката си ја зела кон крајот на минатата недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top