| четврток, 6 декември 2018 |

„С.А.Р.С.“ повторно во Скопје

Српскиот алтернативен бенд „С.А.Р.С.“ со голем концерт ќе го промовира новиот албум „Иконе поп културе“ во Скопје. Концертот е закажан на 10 април 2014 и ќе се одржи во „Експо центар“ во Скопје.

Групата бесплатно го објави новиот албум „Иконе поп културе“ на 9 јануари годинава, кој за три дена од објавувањето беше преземен повеќе од 20.000 пати. Ова е четврто студиско издание на „С.А.Р.С.“ и носи осум нови песни, кои се објавени само девет месеци по излегувањето на претходниот албум „Куќа части“.

Влезниците за концертот веќе од утре (среда, 12 март 2014) ќе бидат достапни во продажната мрежа на МКтикетс, и тоа по промотивна цена од 250 денари, која ќе важи до 1 април. Од 2 април, па сè до денот на одржување на концертот, цената на билетите во претпродажба ќе биде 300 денари, а на 10 април на билетарницата на „Експо центар“ влезниците ќе се продаваат по полната цена од 350 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top