Турскиот министер за ЕУ и главен преговарач за членство, Егемен Багаш во Лондон изјави дека е време ЕУ да одлучи дали Турција може да се приклучи кон Унијата и додаде дека на неговата земја треба да и се дозволи да влезе во ЕУ дури и доколку некои земји имаат резерви.
Ако има принцип на ЕУ што сакам да го критикувам тоа е принципот за еднгласност. Една единствена земја членка-Република Кипар, може да го блокира отворањето на поглавјето за енергетика, рече Багаш, обвинувајќи го Кипар дека цела ЕУ ја држи како „заложник“.
-Ние сакаме да сме во ЕУ, но ЕУ треба да донесе одлука. Одлуката за почнување на преговорачкиот процес со Турција беше едногласна одлука и само едногласна одлука може да го заврши овој процес, посочи Багаш.
Ентузијазмот за членство во ЕУ меѓу турското општество се намалува на одгласите на економските тешкотии на ЕУ и посебно на должничката криза, но Багаш изрази увереност дека доколку во земјата се организира референдум за членство во ЕУ, тој ќе заврши со успех.
Турскиот министер додаде дека не е така сигурен за прашањето за приклучување кон еврозоната. Тоа може да создаде проблеми за членството на Турција ако се има предвид дека присоединувањето кон зоната на единствената европска валута е услов за прифаќање. Но Багаш изјави дека економските околности и отпорот кон еврото може да се променат, додека се постигне спогодбата за присоединувањето на Турција.
Разговорите за евроинтеграцијата на Турција првично почнаа во 1963 година, а официјално почна да преговора за присоединување кон ЕУ во 2005 година. Од вкупно 35 преговарачки поглавја Турција досега затвори само едно. Дел се блокирани заради непризнавањето на Република Кипар и со тоа не се почитувадоговорот за царинска унија со ЕУ. Други преговорачки поглавја се блокирани од политички причини од различни земји членки, меѓу кои Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.