| четврток, 6 декември 2018 |

„Балканот не е мртов“ на фестивал во Шведска

balkanotNe-e-mrtov

Македонскиот филм „Балканот не е мртов” од Александар Поповски се прикажа на фестивалот „Банеф“ во Стокхолм, Шведска.

Поради големиот интерес, филмот ќе се прикажува и во други градови во Шведска, како и на територијата на поранешните југословенски републики преку дистрибутерската компанија „Еурофилм“  од Белград, Србија, која ги откупи киноправата и телевизиските права за негово прикажување, информираат од „Кино око“.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Никола Ристановски, Раде Шербеџија, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Никола Ацески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top